Не е ни чудо што тимот загуби од Баерн со 0-27, имаат и еден 53-годишен фудбалер (Видео)

Победата на Баерн Минхен од 27-0 на пријателскиот меч со Ротах Егерн, предизвика внимание во светот на фудбалот и многумина се прашуваа каков ли е тој тим од четвртата германска лига што примил дури 27 голови на една средба.

Во тој тим, првите 15 минути од второто полувреме ги одигра Маркус ДеЛанга, кој има 53 години. Човекот е вработен во клубот и со настапот против Баерн сакаше да си го исполни сонот. Резултатот не му беше важен, вака барем станаа познати и сите слушнаа за Ротах Егерн.

Кај Баерн, двајца дадоа по пет гола, имаше дури 13 различни стрелци. Ова не е првпат Баерн да се „изживува“ со Ротах, во контролен меч во август 2019 година, баварскиот гигант го прегази истиот противник со 23-0.

Погледнете ги сите 27 голови:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести