Раководството на Баерн Минхен отпочна разговори со Њукасл околу можниот трансфер на крилниот напаѓач Ентони Гордон, пренесува германските медиуми.
Според информациите, англискиот клуб поставил почетна цена од околу 90 милиони евра за 25-годишниот фудбалер. Истата сума им била соопштена и на други клубови кои покажуваат интерес за Гордон, меѓу кои се Барселона, Арсенал и Ливерпул.
Иако се очекува реалната трансферна сума да се движи меѓу 75 и 85 милиони евра, Баерн не е подготвен да плати таков износ. Поради тоа, Њукасл продолжува со преговори со останатите заинтересирани клубови за потписот на англискиот репрезентативец.
Желбата на самиот фудбалер е да биде продаден уште пред почетокот на Светското првенство 2026.

