Баерн се пошегува на своја сметка: Забрана за „2012“ и „Дрогба“ (фото)

Денешната ждрепка за првата рунда од нокаут-фазата од Лигата на шампионите донесе доста интересни парови, меѓу кои е и Баерн Минхен – Челзи. Двата финалисти од сезоната 2011/12 кои се сретнаа токму во Минхен, на „Алијанц арената“, овојпат во двомеч ќе одлучуваат кој ќе биде патникот во четврт-финалето.

По самата ждрепка, администраторите кои се задолжени за „твитер-профилот“ на германскиот првак објавија фотографија во која се гледа како зборовите „2012“ и „Дрогба“ се ставени на листата забранети зборови со цел да избегнат напад од фан-базата на Сините.

Во 2012 година, Челзи ја освои првата европска титула во драматичниот дуел против Баварците. Милер во 83-тата минута му донесе водство на тимот кој тогаш го водеше Јуп Хејнкес, додека Дрогба израмни на неколку минути пред крајот. Промашениот пенал на Робен, односно одбраната на Чех, одлучи во Минхен да се играат пенали, а клучниот го реализира токму Дрогба за голема радост на лондончани.

- Оглас -

Најнови вести