Баерн се прошета во Гелзенкирхен

Роберт Левандовски со три гола му донесе победа на Баерн Минхен од 3-0 на гостувањето кај Шалке 04 во второто коло од германското првенство. Кај Баерн, дебитираа приновите Филипе Кутињо и Иван Перишиќ кои играат како позајмени, додека Лукас Ернандес првпат беше стартер.

Полјакот Левандовски беше инспириран, даде гол од пенал, па и од слободен удар, даде гол и од игра. Левандовски е првиот по Рој Макај од 2005, кој во дресот на Баерн дал два или повеќе гола во првите две кола од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести