Баерн се провлече во Берлин, сака да го освои Купот на Германија

Кингсли Коман со голот со глава во 98-мата минута му донесе триумф на Баерн од 3-2 на гостувањето кај Херта од осминафиналето на Германскиот куп. Во регуларните 90 минути, средбата заврши 2-2, двоен стрелец за Баерн беше Гнабри, кој изедначи на 1-1, а донесе и 2-1 пред домашните да изедначат во 67-мата минута преку Зелке.

Баерн во 2016 година за последен пат го освои Купот на Германија, па затоа и во Берлин имаше поддршка дури од 12.000 свои навивачи, кои сепак беа малцинство бидејќи на трибините беа 74.000 гледачи.

Франк Рибери го одигра својот 410-ти меч во дресот на Баерн во сите натпреварувања, со што се изедначи со легендарниот Лотар Матеус. Само 13 играчи имаат повеќе настапи од Французинот како членови на баварскиот гигант.

Покрај Баерн, во четврт-финалето се пласираа уште Лајпциг, Вердер, Падерборн, Аугсбург, Шалке 04, Хајденхајм и Хамбургер.

- Оглас -

Најнови вести