Баерн се спаси од нов неуспех во Минхен, без голови на дербито на Рур

Баерн Минхен треба да е среќен што во своите редови го има Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец уште еднаш се покажа како клучен играч на германскиот првак, во победата од 2:1 против Унион Берлин. Дефанзивецот Павард даде одличен гол со волеј удар во првиот дел, а потоа Левандовски зголеми на 2:0 и се очекуваше лесен триумф на Баерн во Минхен.

Сепак, гостите од Берлин не се предадоа. Во 58 минута беше досуден пенал за Унион Берлин, но Мануел Нојер го одбрани ударот од белата точка. Во 86 минута беше досуден и втор пенал за гостите, а овојпат погодија за намалување на 2:1. Баерн до крајот успеа да се одбрани и да ги освои трите бода.

Во дербито на колото, Шалке во Гелзенкирхен одигра без голови против Борусија Дортмунд, па и двете екипи може да бидат незадоволни, бидејќи заостанаа во трката за висок пласман.

- Оглас -

Најнови вести