Баерн се загуби во лавиринтот на „Зелената шума“ (Видео)

Жалгирис го декласира Баерн во Минхен со 98:73 и приреди мини-изненадување со четвртата победа во Евролигата.

Баерн беше фаворит и беше без пораз од гостите од Каунас на домашен терен. но вечерва доживеа тежок дебакл.

Гостите кои имаат колоритен прекар „Зелената шума“ му поставија лавиринт без излез за Баерн и славеа со 25 поени разлика. Добија три од четирите четвртини, а домаќините парираа само во вториот период кога беше нерешено, 22:22.

Се останато апсолутно беше во знакот на Жалгирис, екипа што сега веќе не е последна, откако му го предадоа фенерот на Зенит.

До победата гостите ги предводеа ефикасните Милакнис и Лидеј со по 19 поени, а Риверс уфрли 18.

Кај Баерн и на мечот најефикасен беше Данило Бартел со 20 поени. Баварците имаат биланс од шест победи и 10 порази.

- Оглас -

Најнови вести