Баерн во еден ден донесе две засилувања, и тоа бесплатно

Германскиот шампион Баерн Минхен во еден ден договори две засилувања за следната сезона кои на „Алијанц арената“ доаѓаат бесплатно.

Прво засилување е Рафаел Гереиро, кој доаѓа од редовите на најголемиот ривал, Борусија Дортмунд, и тоа како слободен играч откако му заврши договорот по последното коло во Бундеслигата во кое Милионерите останаа без титулата.

Главен иницијатор за потписот со Гереиро е тренерот Томас Тухел, кој му беше тренер токму во Борусија. Гереиро игра на позицијата лев бек, а изминатата сезона постигна четири гола и имаше 12 асистенции.

Лекарските прегледи се закажани за следната недела, а откако ќе ги помине, Гереиро ќе потпише тригодишен договор.

Второто засилување, кое доаѓа во Баерн како слободен играч, е Конрад Лајмер. И на Лајмер му истече договорот со Лајпциг, а уште пред неколку месеци ги договори сите детали од договорот со Баерн Минхен. Неговата промоција во Минхен се очекува да биде утре.

- Оглас -

Најнови вести