Баерн за Дејвис од Реал ќе бара иста отштета како таа од Барса за Левандовски

Реал Мадрид сака летово да ја засили левата бековска позиција со Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Договорот на Канаѓанецот со Баварците е до летото 2025 година и тие повеќе би сакале да го продадат летово отколку следната година да останат без него без да добијат никаква финансиска отштета.

И Дејвис има желба да се пресели во Кралскиот клуб, па треба да се очекува Реал да почне преговори со Баерн. Клубот од Минхен му нуди нов договор на Дејвис, но тој одбива да потпише, Баварците се свесни дека тој сака да си оди, па полека станува јасно дека ќе дојде до разделба.

Баерн за Дејвис ќе бара обесштетување од 50 милиони евра. За истата цена го продадоа и Роберт Левандовски во Барселона. Се очекува првата понуда на Реал да биде 35 милиони евра, Баерн тоа ќе го одбие, па двете страни ќе треба да преговараат.

- Оглас -

Најнови вести