Баерн знае што е добро, во јануари ќе го купи најдобриот стрелец во Австрија

Баерн знае што е добро и веќе во јануари ќе се обиде да го купи Карим Адејеми од Салцбург. Новопечениот германски репрезентативец блеска сезонава и е прв стрелец во Австрија со 8 гола, а играше одлично за првакот Салцбург и во Лигата на шампионите.

Баварците реагираа брзо и сакаат да го обезбедат потписот на 19-годишниот напаѓач веднаш, односно во зисмкиот преоден рок, а планот е потоа да му дозволат на Адејеми да ја доигра сезоната во Салцбург.

Карим е роден во Минхен и беше дел од младинската Академија на Баерн од 2010 до 2012 година, а потоа замина во Унтерхахинг, клуб кој исто така е од Минхен.

Оттаму во 2018 година се пресели во Салцбург, а две сезони до лани мина на позајмица во Лиферинг, филијалата на првиот тим на Биковите.

Адејеми веќе дебитираше за А селекцијата на Германија и постигна еден гол во победата против Ерменија од 6:0 на 5 септември, односно пред малку повеќе од еден месец.

Потоа се најде на списокот на Ханси Флик и за дуелите со Романија во Хамбург што ќе се игра утре и за мечот со Македонија на 11 октомври во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести