Бафало не знае за доста, се залета и Вашингтон

Вашингтон фати залет и веќе влезе во серија победи. За четрвти последователн триуфм настрада тимот на Детроит со 3-1. Гостите имаа минимална предност по првиот период, но потоа примија три гола без одговор. Вилсон израмни, а Кемпни и Овечкин го најавија пресвртот и новото славје на актуелниот НХЛ шампион.

Бафало сејберс нареди осум победи во низа, а дури пет средби ги добија во дополнително време. Истото се случи и ноќеска против Монтреал, Скинер го реши мечот по три минути игра во продолжението за конечни 3-2.

 

Тампа беј се врати на победнички патеки, совладувајќи ги Чикаго блекхокс со 4-2. „Грмотевиците“ четири пати удрија во првиот период, и тоа беше доволно за 16-от триумф сезонава.

Резултати НХЛ:

Филаделфија флаерс – Њујорк ренџерс 4-0

Анахејм дакс – Едмонтон ојлерс 2-1

Бафало сејберс – Монтреал канадиенс 3-2

Минесота вајлд – Винипег џетс 4-2

Њу Џерси девилс – Њујорк ајлендерс 3-4

Вашинтон капиталс – Детроит ред вингс 3-1

Вегас голден најтс – Калгари флејмс 2-0

Колумбус блу џекетс – Торонто мејпл лифс 4-2

Бостон бруинс – Питсбург пингвинс 2-1

Каролина хурикејнс – Флорида пантерс 4-1

Тампа беј лајтнинг – Чикаго блекхокс 4-2

Аризона којотс – Колорадо аваланш 1-5

Далас старс – Отава сенаторс 6-4

Сент Луис блуз – Нешвил предаторс 6-2

Сан Хозе шаркс – Ванкувер канукс 4-0

 

- Оглас -

Најнови вести