33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Баи за потполно нов Марсеј

Ерик Баи сезоната ќе ја продолжи на позајмица во редовите на Олимпик Марсеј, потврди францускиот гигант. Во ангажманот е вклучена опција за откуп на договорот, што значи дека за Баи авантурата со Црвените ѓаволи завршува по шест турбулентни години и само 113 одиграни натпревари.

https://twitter.com/om_officiel/status/1562511306695000064?s=21&t=ad1-s9Jwfgv7BBKjxVN6dA

Репрезентативецот на БСК имаше време да се докаже, на моменти ги користеше шансите да заработи сигурна позиција во почетните 11 на Манчестер јунајтед, но честите повреди го оневозможија во целост да го искористи потенцијалот. По доаѓањето на Тен Хаг и најавата за промени во ростерот од корен, јасно беше дека Баи ќе бара нова авантура, а ја најде во Франција.

За тековната сезона, тренерот Игор Тудор ќе располага со потполно нов ростер, Марсеј се обнови со 14 нови имиња, од кои Ундер и Милик се откупени по нивните позајмици минатата сезона, а како најквалитетно засилување со сигурност е Алексис Санчес.

- Оглас -

Најнови вести