Ракометарите на Охрид го освоија трофејот од Европскиот куп на ЕХФ, откако со две победи беа подобри од унгарска Татабања. По тој повод крај езерото беше организирана голема прослава, а охриѓани им се поклонија на своите ракометни херои, кои не само што го освоија првиот европски трофеј, туку ова беше и прва титула воопшто во историјата на клубот.

