Бајчетиќ пред два месеца наполни 18 години, Србија ја губи битката за да го придобие како репрезентативец

Со 18 години и 65 дена, Стефан Бајчетиќ постигна гол за Ливерпул на премиерлигашки меч и стана третиот најмлад стрелец во клупската историја со погодок во елитното англиско натпреварување.

Татко на Стефан е некогашниот српски фудбалер Срѓан Бајчетиќ, кој настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда и Селта, но младиот Стефан најверојатно нема да игра за Србија, туку за Шпанија.

Стефан е роден во Виго, мајка му е Шпанка и тој чувствувал поголема приврзаност кон родната земја отколку кон земјата од која потекнува, а веќе играше и за У-18 селекцијата на Црвената фурија.

Србите не се откажуваат, веруваат дека Бајчетиќ може да игра за нив, но ќе треба да се случи пресврт, во моментов Шпанија е во предност.

- Оглас -

Најнови вести