Традицијата открива кој ќе победи на првиот меч од финалето меѓу Дубаи и Партизан

Финалето во АБА-лигата започнува вечерва, и тоа во Дубаи. Арапскиот тим заврши како најдобар во регуларниот дел од регионалото натпреварување, па затоа во плејоф доигрувањето ја има предноста на домашен терен против Партизан.

Според правилата, првите две средби ќе се играат во „Кока-Кола арената“, а тоа треба да биде голем адут за тимот на Дубаи, кој сонува за освојување на првата титула во ова натпреварување. За разлика од Дубаи, тимот на Партизан не само што е актуелен бранител на тронот, туку тоа е клубот кој е најтрофеен во АБА-лигата со осум трофеи.

Интересна е традицијата кога играат овие два тима. Ривалството започна само пред една и пол година, кога Дубаи првпат заигра во АБА-лигата. Досега Партизан и Дубаи имаат одиграно девет меча, а традицијата покажува дека секогаш досега екипата која била во улога на домаќин, на крајот победувала, па Партизан пред своите фанови има пет победи, а Дубаи како домаќин се радувал на сите четири пресметки со Црно-белите.

И сега, според коефициентите, домаќинот Дубаи ја има фаворитската улога, но тоа не мора ништо да значи кога се работи за финале на плејоф.

- Оглас -

Најнови вести