Лајпциг одби да ја намали цената, па Наполи се откажа од Елмас

Елиф Елмас одигра добра сезона во тимот на Наполи, но сега ќе мора да се врати во Лајпциг. Македонскиот репрезентативец во Наполи беше како позајмен играч, а постоеше опција италијанскиот тим да го откупи договорот од Лајпцијг.

Сепак, како што потврдија италијанските новинари Николо Шира и инсајдерот Фабрицио Романо, последниот обид на Наполи да ја намали бараната сума од 16 милиони евра за откуп на договорот на Елмас, Германците ја одбиле.

„Наполи нема да ја искористи опцијата од 16 милиони евра за траен потпис на Елиф Елмас. Клубот смета дека неговата цена е превисока. Наполи се обиде да преговара за намалување, но РБ Лајпциг ја одби понудата“, пишува Шира.

Ваквиот расплет значи дека Елмас ќе мора да се врати во Германија иако Лајпциг многу не е заинтересиран за услугите на фудбалерот, па постои опција повторно да биде даден на позајмица.

- Оглас -

Најнови вести