Бајерлорцер брзо се снајде – По отказот во Келн, се пресели во Мајнц

Ахим Бајерлорцер брзо се снајде по отказот во Келн и е нов тренер на Мајнц со договор до 2022 година.

Лошите резултати што 51-годишниот тренер ги имаше на почетокот на сезоната во таборот на популарните Јарци не го премислија раководството на Мајнц да му даде шанса на Бајерлорцер.

„Ахим е еден од најдобрите тренери во Германија и една лоша епизода во Келн не може да го расипе впечатокот. Имаше одлични резултати со релативно мал буџет во тимот на Јан Регенсбург, а има одлична фудбалска визија и тој е човекот кој е погоден за да биде тренер во напшиот тим“, изјави спортскиот директор на Мајнц, Шредер.

За новиот тренер на Мајнц работите нема многу да се променат бидејќи и Мајнц и Келн се во опасната зона за испаѓање од Бундеслигата, со мала разлика што сегашниот негов тим има два бода повеќе од популарните Јарци од Келн.

- Оглас -

Најнови вести