Бајка во Казабланка – Ултрасите му дојдоа пред домот да го поддржат во битката против ракот (Видео)

Навивачите на Ража Казабланка се познати по својата лојалност кон клубот што е прогласен за најдобар во Африка за минатиот век, а му приредија спектакуларна поддршка на еден од своите членови.

„Симо издржи, ние сме со тебе“ скандираа стотици навивачи на клубот од Казабланка пред домот на човекот кој бие битка со ракот.

Со солзи во очите тој ги отпоздрави ултрасите со симболи на „зелено-белата“ боја, која е заштитен знак за најтрофејниот и најпопуларниот клуб во Мароко.

- Оглас -

Најнови вести