Бакајоко го спаси Гатузо од отказ – Наполи го победи Удинезе во фото-финиш

Џенаро Гатузо веројатно ќе се спаси од отказ во Наполи, а ако тоа се случи ќе мора да му боде благодарен на Тему Бакајоко.

Францускиот интернационалец постигна гол за победа од 2:1 во фото-финиш, односно во последната минута од регуларниот дел на дуелот со Удинезе.

Кај гостите околу половина час во второто полувреме играше Елиф Елмас, а на спротивната страна кај Удинезе Илија Несторовски влезе во игра во 81. минута.

И двајцата македонски репрезентативци имаа малку време за да покажат нешто значајно, а посреќен беше Елмас, кој си заминува со соиграчите со тру бода од „Дачија арена“ од Удине.

Во останатите два меча што се играа денеска од 15 часот Лацио ја победи Парма со 2:0, а Верона успеа да го совлада Кротоне со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести