Баксузен 11 мај – Денот кога Манчестер сити беше потопен на Риверсајд (Видео)

Навивачите на Манчестер сити го паметат 11 мај по лошо, а поразот на „Риверсајд“ од Мидлсбро со 8:1 во 2008 година сè уште ги пече приврзаниците на актуелниот англиски шампион.

Тоа е најтешкиот клупски прволигашки пораз во модерната ера на фудбалската игра за популарните Граѓани, кои минаа неславно на гостувањето кај популарниот Боро.

Црното сценарио за тимот што го предводеше Свен Ериксон го најави Крис Дан, кој беше исклучен во 15-тата минута, а од пенал по прекршокот на дефанзивецот на Сити за 1:0 погоди Даунинг.

Потоа, како на филмска лента се редеа голови во мрежата на Исаксон, кој и покрај осумтте примени голови, беше најдобар поединец на гостите од Манчестер.

По Даунинг, погодија и Алвес, и тоа хет-трик, Рочембак, Аладиер, Џинсон и уште еднаш Даунинг, а стрелец на почесниот гол за Сити беше Елано.

По тој меч, Ериксон доби отказ и си замина од Манчестер сити, клуб што претходно имаше потежок пораз од 1:8 само на три меча во 126-годишната историја.

Во 1894 година Болтон ги победи со 8:0, потоа во 1906 година Евертон ги декласира со 9:1, а со 8 голови разлика ги победи и Вулверхемптон во 1933 година, кога популарните Волци славеа со 8:0.

 

- Оглас -

Најнови вести