Балканска магија во НБА: Дончиќ и Јокиќ со трипл-дабл „газат“ сè пред себе (ВИДЕО)

Изминатата вечер, најсилната кошаркарска лига, НБА ни донесе изобилство на натпревари и возбудувања, а по којзнае кој пат, свое шоу имаа и Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Најдобрите двајца балкански кошаркари, повторно ги предводеа своите тимови до нови победи и тоа остварувајќи трипл-дабл.

Лука со абележани 32 коша, 12 скока и 15 асистенции беше најдобар во победата на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс.

Јокиќ, пак, блескаше против Атланта Хокс, каде што неговиот тим Денвер Нагетс славеше со 105:96.

Маестралниот кошаркар од Србија, даде 22 коша, а имаше и неверојатни 19 скокови како и 10 запишани асистенции.

И за двата тима, ова беше осмиот триумф сезонава со што се на делба на четвртото место во Западната конференција.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 104:96

Бостон Селтикс – Милвоки Бакс 122:113

Кливленд Кавалирс – Детроит Пистонс 98:78

Хјустон Рокетс – Портланд Трејлблезерс 92:104

Њу Орлеанс Пеликанс – Бруклин Нетс 112:120

Оклахома Сити Тандер – Сакраменто Кингс 105:103

Сан Антонио Спарс – Далас Маверикс 109:123

Денвер Нагетс – Атланта Хокс 105:96

Голден Стејт Ворирорс – Чикаго Булс 119:93

Лос Анџелес Лејкерс – Минесота Тимбербулфс 83:107

 

 

- Оглас -

Најнови вести