Шевченко го смени пријателот Ребров од селекторското место

Серхит Ребров веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Украина.

Ребров ја одведе Украина до Европското првенство 2024 година, а тимот беше во борба за настап на Светското првенство 2026 речиси до последната минута, но не успеа.

„Му се заблагодаруваме на Сергеј за неговата работа и придонес во развојот на младите фудбалери. Треба да продолжиме напред и да донесеме нови одлуки што ќе станат основа на иднината на националниот тим“, рече претседателот на УАФ, Андриј Шевченко, кој е близок пријател и некогашен соиграч на Ребров од деновите кога Динамо Киев беше страв и трепет за фаворитите во Европа.

Ребров продолжува да биде потпретседател и член на Извршниот комитет на Украинската фудбалска федерација.

„Благодарен сум му на целиот тим и на навивачите за фазата низ која поминавме. Беше тежок пат со победи и порази, но Украинците секогаш ја поддржуваа репрезентацијата. Ова се моменти на единство што нема да ги заборавам и за кои секогаш ќе бидам благодарен“, изјави 51-годишниот Ребров.

- Оглас -

Најнови вести