Балотели и Боатенг не помогнаа, Монца уште малку ќе сонува за елитата во Италија

Пирова победа оствари Монца од 2-0 против Читадела во реваншот од второто полуфинале во Серија Б, по што Читадела ќе ѝ се спротивстави на венеција во финалето за пласман во фудбалската елита во Италија.

Балотели и Боатенг како две големи ѕвезди на Монца не помогнаа, иако контроверзниот „Супер Марио“ ја отвори средбата со погодок во 58-та минута. Д’Алесандро влеа надеж кај домаќините кога зголеми на 2-0 во 78-та минута, по што на Монца ѝ беше потребен само еден гол за да се најде во финалето.

За нивна жал тоа не се случи, па сега Читадела и Венеција ќе разигруваат, а подобриот од тој дуел ќе им се приклучи на Емполи и Салернитана кои од следната сезона ќе бидат дел од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести