Балотели стана железничар како легендите Терим и Шаш, ќе игра за клуб што го формираа 500 работници

Марио Балотели е нов член на новиот турски прволигаш Адана Демирспор откако денеска потпиша 3-годишен договор со популарните Железничари.

Адана го освои првото место во ланската сезона во Втората турска лига, а има интересно минато. Клубот е основан во 1940 година со помош на околу 500 работници во турската железница.

Последен пат во Првата лига играа во минатиот век, во сезоната 1994/95 и сега ќе бидат дел од елитата по пауза од 27 години. Двете турски легенди, Фатих Терим и Хасан Шаш ја почнаа фудбалската кариера во Адана Демирспор.

Последен клуб на Балотели му беше Монца во Втората италијанска лига. Има играно за Интер, Милан, Манчестер сити, Ливерпул, Ница, Марсеј… од попознатите клубови, а за репрезентацијата на Италија настапи на 36 меча со 14 постигнати голови.

 

- Оглас -

Најнови вести