Балотели откри каде направил грешка што не станал како Меси и Роналдо

Марио Балотели беше еден од најголемите таленти пред десетина години, но наместо да се развива во еден од најдобрите фудбалери, тој игра во турското првенство за тимот на Адана.

Напаѓачот кој по долги години повторно доби повик за настап во репрезентацијата на Италија, вели дека имал предиспозиции да биде на нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но не ги искористил дадените шанси. Балотели играше за Интер, за Милан, Манчестер сити, Ливерпул и Марсеј, а сега година и пол е дел од тимот на Адана.

Балотели вели дека една од најголемите грешки му била тоа што си заминал од Манчестер сити.

„Можев да бидам како Серхио Агуеро. Сигурен сум во тоа, но знаете како е, дури кога ќе созреете, ќе сфатите. Убеден сум дека моите квалитети беа на нивото на Меси и Роналдо. Денес не можам да кажам дека сум добар како Роналдо затоа што тој освои пет Златни топки. Сега никој не може да се споредува со Роналдо и Меси“, вели Балотели.

- Оглас -

Најнови вести