Марио Балотели е пред трансфер во новиот турски прволигаш Аданаспор. Од клубот потврдија дека испратиле понуда до Италијанецот кој играше за Монца и не успеа да се пласира во Серија А.
Балотели кој во август ќе наполни 31 година, на 14 меча за Монца даде шест гола. Од Адана добил формална понуда, и сега Турците чекаат одговор.