Банкарот расчисти со Јуве, блиску е да преземе калчолигаш

Маурицио Сари расчисти со Јувентус и се откажа од платата која требаше да ја зема до јуни 2022 година, колку што важеше неговиот договор на „Алијанц стадионот“. Причина за тоа е да може поранешниот банкар што побрзо да се врати во работен процес, и тоа во Фиорентина.

Сари веќе е во преговори со клубот од Фиренца, со оглед на тоа дека на сегашниот тренер Џузепе Јакини му се предвидува отказ во најскоро време. Доколку договори соработа, Сари ќе го води четвртиот калчолигаш во тренерската кариера по Јувентус, Наполи и Емполи.

Во меѓувреме беше менаџер на Челзи, со кого успеа да го освои првиот трофеј во кариерата по триумфалниот поход на Сините во Лигата на Европа во сезоната 2018/19. Инаку со Јувентус лани беше шампион на Италија, меѓутоа управата му врачи отказ и го замени Сари со Андреа Пирло.

- Оглас -

Најнови вести