Барди даде гол од пенал во мечот на кој имаше седум погодоци (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот тим на домашен терен загуби од Кајзери со 3:4. Гостите поведоа со 1:0, Трабзон израмни, а до полувремето Кајзери повторно погоди за предност од 1:2.

Во 46 минута во игра влезе Барди, а гостите со голот на Менсах од пенал поведоа со 1:3. Следуваше најдобриот период на Трабзон кога прво Омур погоди за 2:3, а потоа беше досуден пенал за домаќините. Барди ја презеде одговорноста да шутира и погоди за 3:3.

Иако делуваше дека Трабзон ќе се спаси од пораз, Гајзери по четврти пат погоди и на крајот гостите се радуваа на триумф од 4:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести