Барди го има најдобриот гол од слободен удар во Шпанија, Меси е трет (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го има постигнато најубавиот погодок од слободен удар во минатата сезона во шпанската Примера дивисион. Барди пред две сезони дојде во Леванте и веднаш блесна со своите прецизни шутеви и убави погодоци од слободен удар.

Навивачите во Шпанија имаа можност да гласаат за најдобриот погодок од слободен удар постигнат во сезоната која измина во Примера, а најмногу гласови доби токму Барди. Неговиот погодок во дуелот на гостувањето против Хетафе е број 1 погодок од прекин.

Зад Барди, на второто место се најде Рубен Алкараз од Валјадолид, а капитенот на Барселона и најдобар играч во Примера, Лионел Меси е на третото место во ова рангирање од страна на навивачите.

Погледнете ги најдобрите 5 погодоци во Примера за сезона 2018/19.

- Оглас -

Најнови вести