Барди и Леванте имаат резултат кој ги остава да веруваат во финале на Купот

Макдонскиот репрезентативец Енис Барди играше до 81-вата минута на гостувањето кај Атлетик во Билбао, во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија. За Леванте ова е добар резултат, ако се знае дека реваншот ќе го игра на свој терен и доволно ќе биде да одигра без голови за да се пласира во финалето на Купот.

Гонзало Мелеро во 26-тата минута погоди за водство на Леванте, а предноста на гостите беше сè до 58-мата минута. Тогаш Мартинез погоди за Атлетик Билбао и израмни на 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Статистички, Билбао многу повеќе напаѓаше, домаќините упатија дури 15 удари кон противничкиот гол, од кои дури седум беа во рамките на голот, но само еднаш ја затресоа мрежата на противникот.

Атлетик Билбао веќе чека да игра едно финале во Купот, тоа од минатата сезона против Реал Сосиедад, додека Леванте мечтае за првото клупско финале во Купот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести