Барди: Игравме на ЕП и бараж за СП, секако дека имаме големи амбиции и сега

Енис Барди е еден од најдобрите играчи во македонската репрезентација во изминативе неколку години. Тој беше еден од творците на историскиот успех и пласманот на Европското првенство пред две години, како и на тимот кој за малку не се пласира на Светското првенство во Катар откако во финалето на плејофот загубивме од Португалија.
Барди е оптимист за дуелот против Малта, но потенцира дека секој меч е посебна приказна и дека мора исте оние кои ќе бидат на теренот, да бидат максимално фокусирани.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европското првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат, амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нè очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, вели еден од капитените на Македонија, Енис Барди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести