Барди капитенски носи водство за Македонија на „Викторија“ (видео)

Македонија поведе со 1-0 на гостувањето кај Гибралтар благодарение на капитенот Енис Барди во 21-та минута.

Ѕвездата на Леванте го постигна јубилејниот 10-ти погодок за македонската репрезентација и засега ги предводи своите соиграчи кон посакуваните три бода на „Викторија“ стадионот.

До погодок дојде откако Николов шутираше од далечина во 20-тата минута, по што нашиот тим доби корнер. Барди се реши за кратко додавање до Алиоски, а откако овој му ја врати топката, Барди тргна во соло-продор и ефектно заби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести