Барди: Ќе играме по нотите на нашиот селектор, тоа ќе ни донесе добри резулати

Енис Барди го кажа она што сите го знаеме, силата и квалитетот на селекцијата на Македонија е во односот на репрезентативците како едно големо семејство. Ѕвездата на Леванте се радува на секој повик, како и на овој, едвај чека да заигра во националниот дрес првпат по историскиот настап на Европското првенство, а до добар резултат против Ерменија вели дека ќе се дојде само доколку тимот игра, односно го слуша селекторот Милевски.

„Секогаш е чест да се биде дел од репрезентацијата, секој повик едвај го чекаме, посебно што поголемиот дел од играчите сме заедно подолго време, речиси со 90% од играчите ги остваривме големите успеси во изминатиов период. Немаме еден или двајца клучни играчи, секој од нас е важен играч, она што нè прави силни е што сме како семејство, секој има своја улога со која придонесува. Треба да гледаме напред кон секој нов предизвик. Ерменија ќе биде сериозен противник, има нов селектор, но како и секогаш ние се фокусираме на она што можеме да го направиме на теренот. Нормално дека секој натпревар е важен и тежок да се добие, но ние си го познаваме квалитетот и само треба да одговориме на инструкциите од нашиот селектор“, посочи Барди.

Дуелот против Ерменија е закажан за 2 септември со почеток во 20:45 часот на Националната арена во Скопје, „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести