Барди маестрално погоди од слободен, но Трабзон загуби во финишот од Фенербахче (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, уште еднаш покажа дека е вистински мајстор за изведување на слободни удари. Во 63-тата минута од мечот против Фенербахче нашиот фудбалер постигна фантастичен погодок од слободен удар и намали на 1-2 во тој момент.

Навистина мајсторија на Барди, а голманот на Фенербахче, хрватот Ливаковиќ, беше немоќен и заврши во стативата од неговиот гол.

Трабзонспор во продолжение израмни и на 2-2, но Фенербахче во 87-мата минута дојде до победата од 2-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести