Барди му закажа дуел на Реал Мадрид на исто место и во исто време (Видео)

Леванте лани направи првокласна сензација на „Сантијаго Бернабеу“ и го урна кралот и најтрофејна екипа во Шпанија, Реал Мадрид, со победа од 2:1, прва на гостински терен против гигантот по 11 години.

Енис Барди беше еден од креаторите на победата, заедно со стрелците Хозе Моралес и Роџер Марти, а кралот падна само за 13 минути од стартот на мечот. Победата на Леванте во саботното попладне лани во октомври оддекна силно и во Шпанија и во Европа, а сега повторно двете екипи ќе играат во сабота, и повторно од 13 часот и пак на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кога се се поклопува, нека се повтори и победата. Би било прекрасно, но знаеме кој е Реал Мадрид и, секако, ќе биде тешко на Сантијаго Бернабеу“, вели Барди во интервјуто за локален медиум од Валенсија.

Барди играше на последните два меча со Реал Мадрид, а Леванте и шпанскиот гигант имаат по една победа од по 2:1, кога Енис беше на терен. На уште два меча, и тоа првите откако во 2017 година пристигна во Леванте беше резерва против Кралскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести