Барди не отпатува за Мадрид, ќе го пропушти третиот меч по ред во Ла Лига

Енис Барди не отпатува за Мадрид со фудбалската експедиција на Леванте и ќе го пропушти и третиот меч по ред во Ла Лига, поради повредата на мускулот на ногата.

Тренерот Пако Лопес не сака да ризикува, а Барди се уште не е подготвен, што е загрижувачки и за него, но и за Леванте и за македонската репрезентација.

Енис е повикан за квалификациските дуели на Македонија против Словенија на 10. октомври и со Полска три дена подоцна, но и тука неговиот настап е неизвесен.

Денеска Леванте ќе му гостува на Леганес во Мадрид, а мечот е прв од саботната програма од осмото коло во Ла Лига и ќе се игра од 13 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести