Барди се приклучи на подготовките со Леванте, клубот го поздрави на македонски и албански (видео)

Енис Барди се приклучи на подготовките на Леванте во пресрет на новата сезона. Македонскиот репрезентативец заврши со одморот по својот настап на Европското првенство, а од клубот му посакаа добредојде на повеќе јазици, меѓу кои и македонскиот и албанскиот.

На твитер-објавата пишува „добредојде Барди“, на шпански, каталонски, англиски, македонски и албански јазик, како посебен пречек за „десетката“ на Леванте.

Барди и дружината сезоната во Ла Лига ја отвораат на 14 август со гостување кај Кадис во првото коло.

- Оглас -

Најнови вести