Барди се враќа на стадионот на кој го даде најубавиот гол во кариерата (Видео)

Дуелот на Хетафе и Леванте од шпанската лига кој се игра од 18.30 часот, е посебен за македонскиот репрезентативец Енис Барди. При гостувањето на Леванте кај малиот мадридски клуб во минатата сезона, Барди постигна преубав гол од слободен удар, па гостувањата му будат позитивни сеќавања.

„Очекувам тежок натпревар, Хетафе е опасен ривал, но добро се подготвивме. Што се однесува до ланскиот гол, тој е случи во второто полувреме, брзо откако влегов во игра. Секако дека е еден од најубавите што сум ги постигнал во кариерата. Би сакал да се повтори сценариото, но поважно е тимот да се чувствува добро на теренот и да победиме“ – изјави Барди за клупскиот сајт на Леванте.

- Оглас -

Најнови вести