Левиот бек на Баерн Минхен и најголема ѕвезда во составот на репрезентацијата на Канада, Алфонсо Дејвис, објави дека нема да биде подготвен за настап на првиот меч од Светското првенство кое ќе започне за само осум дена. Канада е една од земјите домаќини на Мундијалот заедно со САД и Мексико.
„Нема шанса да бидат дел од првиот меч на турнирот“, рече саиот Дејвис.
Играчот од кого многу зависи играта на Канада сè уште се опоравува од повредата на тетивата здобиена во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1-1).
Канада ќе игра против Босна и Херцеговина во својот прв натпревар на Светското првенство во 2026 година на 12 јуни. Во оваа група за ривали ќе бидат и селекциите на Катар и Швајцарија. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

