Барди си фати ред со пеналите и не промашува, Македонија води против Азербејџан (Видео)

Македонија води со 1:0 против Азербејџан со голот од пенал на Енис Барди во 25. минута.

Претходно Елиф Елмас мајсторски се избори за една топка во шеснаесетникот на гостите и беше фаулиран, а Македонија доби шанса за да поведе.

Барди беше сигурен и вторпат по ред на пријателските натпревари погоди од белата точка, по голот против Финска пред три дена во ремито 1:1.

Водечкиот гол на Македонија можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести