Барди: Заслужено победивме, среќен сум што со триумф ги стартувавме квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија победнички ги започна квалификациите за пласман на ЕП 2024. На Националната арена „Тодор Проески“ со 2:1 беше совладана селекцијата на Малта.

Еден од најстандардните членови на националниот тим, Енис Барди, смета дека победата иако остварена со голови во второто полувреме, е заслужена.

„Мислам дека ова е заслужена победа. Секој противник сака против нас кога играме дома да ни застане на патот кон трите бода. Во второто полувреме бевме поконкретни, имавме подобра завршница, за разлика од првиот дел, кога го немавме тоа и мораше да бидат со шут. На крајот многу сум среќен со освоените три бода, кои ни се важни, и што го стартувавме циклусот со победа. Ќе одиме чекор по чекор во квалификациите, првиот чекор го направивме. Овој циклус е новост за сите нас и секој од нас доаѓа тука со друг менталитет. Ќе дадеме сè од себе на секој натпревар. Имаме силна група и ќе видиме што ќе биде“, изјави Барди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести