Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се најде на завршицата на Европското првенство кое оваа година ќе се игра во четири земји (Летонија, Финска, Полска и Кипар). Нашата селекција има само една победа по пет кола и ги загуби сите шанси да биде дел од континенталниот собир.
Во последното коло кое се игра денеска, Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе игра против Полска, која е последна во групата, исто така со една победа и дури пет победи. Полска ја победивме на гости убедливо со 96:71, но тогаш тие беа без неколку стандардни играчи во својот состав.
За македонската машка сениорска репрезентација во кошарка, ова вечерва ќе биде 170-ти официјален меч во историјата.
За Полска ништо не значи фактот дека е последна во групата затоа што тоа е една од земјите кои ќе бидат организатори на ЕП, па имаше обезбедено директно место на завршницата. Македонија треба да настапи со најсилен состав затоа што во Скопје останаа двете евролигашки ѕвезди Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс.
Вкупно 10 меча се играат денеска во евроквалификациите, но ниту еден нема поважно значење затоа што веќе се познати сите 24 учесници на завршницата на континенталниот собир, а тоа се: Летонија, Финска, Полска, Кипар, Босна и Херцеговина, Словенија, Израел, Португалија, Италија, Исланд, Турција, Белгија, Шпанија, Германија, Црна Гора, Шведска, Франција, Грција, Велика Британија, Чешка, Србија, Грузија, Естонија и Литванија.