Баркли му прогнозира успешна кариера на Симонс само ако се поправи во еден сегмент

Легендарниот НБА-играч Чарлс Баркли му предвидува успешна кариера на Бен Симонс, младата ѕвезда на Филаделфија . Но, поранешниот петти пик на Сиксерс смета дека Австралиецот сè уште не е комплетен играч, мора да поправи еден сегмент од неговата игра за да биде во друштвото на најдобри кошаркари кои ги газеле паркетите во НБА-лигата.

„Уживам додека го гледам како игра, навистина сум негов голем фан. Но, мора да го поправи шутот доколку сака да се најде во друштво на Меџик, Џордан, Коби… Верувам дека допрва ќе се фокусира на таа негова слабост, за брзо време ќе биде комплетен играч“, истакна Баркли.

Симонс во 2016 година беше прв избор на драфтот, а во сезоната 2017/18 ја доби наградата за најдобар новак бидејќи претходната сезоната ја пропушти цела поради тешка повреда. Просечно бележи учинок од 16,9 поени, 7,9 асистенции и 8,5 скока и речиси две украдени топки по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести