Барнли конечно успеа ја сопре серијата од пет порази по ред на својот стадион „Трф Мур“ против Манчестер јунајтед и освои голем бод во битката за опстанок со реми 1:1.
Црвените ѓаволи имаа уште неколку зрели шанси да го решат мечот уште по првиот дел, а и немаа среќа при поништените голови.
Казната стигна во 48-мата минута, по мајсторскиот потег и асистенцијата на засилувањето на Барнли, Вуг Вегхорст.
Манчестер јунајтед последен пат не победи на „Трф Мур“ во 2014 година, а имаше пет победи по ред на гостувањата кај Барнли.
Со ремито го загубија и четвртото место, па сега се петти во Премиер лигата со 39 бода.
Барнли е последен со 14 бода, но има два меча помалку од конкурентите за опстанок.

