Барнли и Чурлинов се печени за Премиер лига, го елиминираа Борнмут во ФА купот

Барнли игра импресивно и на почетокот на 2023 година, а денеска покажа и дека може да се носи со англиските прволигаши, откако со 4:2 го елиминира Борнмут во ФА купот.

Гостите кои се лидери во Чемпионшип му одржаа фудбалска лекција на премиерлигашот Борнмут и заслужено одат понатаму во националниот куп на Англија.

Бенсон и Зараури постигнаа по два гола за Барнли, екипа која постојано водеше и неочекувано лесно победи на гостувањето кај популарните Цреши.

Последните десеттина минути за Кларест ги одигра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, а доби и жолт картон во 84. минута, само 180 секунди откако влезе во игра.

Барнли сега го чека противникот во 16-финалето на ФА купот. Изненадување во оваа рунда денеска направи Блекпул со убедлива победа од 4:1 против премиерлигашот Нотингем форест.

- Оглас -

Најнови вести