На „Турф Мур“ се враќа старата култура на навивање, новиот клуб на Чурлинов ги предупреди симпатизерите дека ќе ги казнува

Барнли има интересен проблем со дел од навивачите на северната трибина на познатиот стадион „Турф Мур“, на кој ги играат натптреварите.

Наскоро се очекува нов член на клубот да биде Дарко Чурлинов, кој има веќе договорен трансфер со популарните Кларетс, а ако навивачите останат упорни да ја вратат старата англиска култура на навивање, тогаш ќе ужива во престојот во Англија.

Дел од навивачите на Северната трибина не сакаат да седат, како што е задолжително на сите стадиони, туку на стоење и од нога ги гледаат натпреварите на Барнли, што не е дозволено.

Во минатиот век таквиот начин на гледање на натпреварите на трибини на кои беше дозволено и предвидено стоење беа дел од навивачката култура, но тоа оддамна се укина во Англија.

Барнли ги предупреди навивачите дека не смеат да стојат на трибина на која се поставени столчиња и најави дека ќе реагира со засилено обезбедување на натпреварите од Чемпионшип лигата и дека ќе ги отстранува симпатизерите кои нема да се придржуваат до правилата.

 

- Оглас -

Најнови вести