Барнли на четврто гостување по ред кај Сити загуби со 0-5

Манчестер сити го надигра Барнли со 5-0, а верувале или не, ова е четврти меч едноподруго на овие два тима на „Етихад“, кој завршува со истиот резултат. Сити на последните три домашни мечеви против Барнли победува со 5-0, а еднаш тоа го направи и во ФА купот.

Клучна фигура кај Граѓаните беше Ријад Марез кој за првпат направи хет-трик во дресот на Сити. Алжирецот стана втор Африканец по Јаја Туре кој направил премиерлигашки хет-трик како играч на Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести