Барнли направи чудо што претходните 68 гости не успеаја на „Енфилд роуд“ (Видео)

Барнли го победи Ливерпул на „Енфилд роуд“ со 1:0, резултат кој е најголемо изненадување во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата. Тимот кој сезонава ќе се бори за опстанок направи чудо откако успеа да се одбрани од сите напади на домаќините, а со погодокот на Ешли Барнс во 83-тата минута од пенал стигнаа до неочекувана победа.

Ливерпул имаше низа од неверојатни 68 меча без пораз на „Енфилд роуд“ и никој пред денешниот меч не очекуваше дека токму Барнли ќе успее да ја стопира таа неверојатна низа. Англискиот првак имаше 55 победи и 13 нерешени сè до вечерва, кога се појави храбриот Барнли.

По овој пораз, дефинитивно се потврди дека англискиот првак е во криза. Ливерпул во последните пет меча во Премиер лигата има освоено само три бода, а неверојатна е бројката од 440 минути без дадено гол.

Кристал палас беше последниот тим кој се радувал на „Енфилд роуд“, и тоа во април 2017 година, кога славеше со 2:1. Сега Барнли може да се пофали дека е последниот тим кој се радувал на легендарниот стадион во Англија.

Голот на Барнли може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести