Барса долго чекаше на гол, но победи на првиот домашен меч надвор од „Камп Ноу“ (Видео)

Барселона после дури 172 минути игра го постигна својот прв гол во новата сезона во шпанската лига, а после тој погодок на Педри во 82-ра минута, во финишот гол даде и Феран Торес победа од 2-0 против Кадис.

За Барса ова беше прв домашен меч на стадионот „Монжуик“ каде имаше 39.603 гледачи и ова е прв дуел за Каталонците како домаќини надвор од нивниот дом „Камп Ноу“ после далечната 1957 година.

Ова е голот на Педри по убавата асистенција на Гудоган:

- Оглас -

Најнови вести