Барса ги дава Ракитиќ и Кутињо за Нејмар, Реал одговори со контра, го нуди Винисиус

Нејмар имаше две лоши сезони во ПСЖ, но за него сè уште има голем интерес и сега во директна битка се вечните шпански ривали Барселона и Реал Мадрид.

Барса континуирано преговара со францускиот првак, но засега не се најде добитна комбинација што ќе им биде по вкус на двете страни.

Барса за да го врати Нејмар на „Камп ноу“, ги нуди Ракитиќ и Кутињо и плус 80 милиони евра, а ПСЖ ги бара Кутињо и Семедо и 120 милиони евра за да го испрати Бразилецот во Каталонија.

Во битката се вклучи и Реал Мадрид, а со паричната понуда сега го понуди и сонародникот на Нејмар, Винисиус јуниор.

Според некои проценки, Винисиус е проценет на 70 милиони евра, па Реал ќе треба да доплати уште доста пари ако сака да го добие Нејмар или да ја намали уште сумата со понуда на уште некој играч во замена за фудбалерот на ПСЖ.

Комбинацијата со Винисиус јуниор му се допаѓа на Леонардо, кој како и фудбалерот на Реал Мадрид е роден во Рио де Жанеиро и е голем симпатизер на фудбалери од школата на Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести